Здравје
21. July 2016 - 12:25

Светот слави: Откриена вакцина за дијабетес

Само во Америка над 1,25 милиони луѓе страдаат од дијабетес тип 1. Bacillus Calmette – Guerin е вакцината која е користена за туберкулоза пред 100 години и изгледа дека токму таа е решение за овој сериозен проблем

Во денешно време оваа вакцина се користи за рак на мочниот меур и се верува дека истата е сигурна.

Во случај на дијабетес од тип 1 телото не произведува инсулин бидејќи ќелиите кои го креираат се „убиени“ од страна на имунолошкиот систем. Т ќелиите се креирани и тие можат да доведат до оток на панкреасот. Инсулинот тука се произведува, а оваа вакцина ги отстранува Т ќелиите.

Пациенти примиле ваква вакцина против туберкулоза два пати во временски период од 4 седмици. Резултатите покажале дека опасните Т ќелии исчезнале, са некои луѓе сами почнале да произведуваат инсулин.

Новиот петгодишен експеримент ќе почне ова лето. Впишаните во истиот се меѓу 18 и 60 години. Ќе се користи истиот формат кој е користен како и кај пациентите кои вакцината ја примале два пати во период од 4 недели, па потоа ќе примаат по една во наредните 4 години.

Сепак, сите експерти за дијабетес не се уверени дека овој третман ќе помогне.

Времето ќе покаже дали оваа вакцина ќе биде способна да лечи дијабетес од типот 1 или не.