Свет
7. May 2022 - 16:36

Светот моли за храна, а силосите во Украина се полни со жито поради блокираните пристаништа

Украинските силоси се полни со житарки, а светот гладува. Од Светската програма за храна при Обединетите нации повикуваат веднаш да бидат отвoрени пристаништата во Одеса во јужна Украина за храната произведена во земјата зафатена со војна да може да биде извезена во остатокот од светот пред глобалната криза за храна да излезе од контрола.

„Овие житарки хранат речиси 400 милиони луѓе во светот, а овие пристаништа се затворнеи заради војната. Мора веднаш да ги отвориме пристаништата, да ги ставиле во функција во спротивно одиме кон катастрофа над катастрофоте. Милиони луѓе во светот гладуваат до смрт и мора да ги отвориме пристаништата веднаш,“ вели Дејвид Бисли извршен директор на Светската програма за храна при ООН.

Ако не се испразнат силосите и пристаништата каде чекаат натоварените бродови, украинските фармери нема каде да ја складираат следната жетва која ќе се одвива за три месеци. Тоа ќе значи дека планини од житарки ќе завршат како отпад додека светот се соочува со недостиг на храна.

Според анализите на Светската програма за храна 276 милиони луѓе ширум светот се соочуваа со глад на почетокто на оваа гoдина. Бројот се очекува да се зголеми за уште 47 милиони луѓе ако војната во Украина продолжи. Најалармантно е во субсахарска Африка.

Пред војната, најголем дел од храната произведена во Украина, а доволно да нахрани 400 милиони луѓе беше извезувана преку 7 простаништа на Црното море. Последните 8 месеци пред конфликтот преку нив транзитирале 51 милион тони житарки.

Војната ги дигна сите цени на пазарите над нивните досегашни рекорди. Во периодот кога почна конфликтот цените на пченицата и пченката се зголемија за 22 и 20%.

И македонскиот пазар го чувствува недостигот на суровини за производство на храна, а цените постојано растат. Како една од мерките за ублажување на последиците Владата усвои програма за зголемено производство на храна финансиски стимулирајќи ги земјоделците да се ориентираат кон производство на житарки.