Свети Трифун: Владата најавува зголемени субвенции, лозарите се жалат на ниските цени
Државата ќе ги зголеми субвенциите за лозарите кои имаат помеѓу 1 и 10 хеткари лозови насади, дополнителна помош од 12 илјади денари ќе добијат и они кои ќе ги обноват сортите. Ова се дел од новините кои ги најави министерот Николовски на старот на сезоната на закројувањеот на лозјето. Сетоа тоа треба да помогне лозарите да го подобрат квалитетот на лозјето и поголем пласман.
Лозарите пак и овој Св. Трифун со исти проблеми. Се пожалија на ниската откупна цена и на лошиот род минатата година. За направената штета од ланскиот мраз се уште ги немаат добиено парите. Бараат од државата побрза исплата.
Премиерот Заев ги охрабри лозарите да инвестираат, а државата преку нови мерки ќе им помога тие да добијат сигурен пласман.
Пред десет дена лозарите ги добија зголемените субвенции за 10 отсто.
Во Македонија 18 илјади семејства живеат од лозарство.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар