Свети Николе и Карбинци бараат физичко присуство, а Пробиштип комбиниран модел на настава

Општините Свети Николе и Карбинци бараат во училиштата наставата да се одвива со физичко присуство на учениците, додека во Општина Пробиштип се бара дел физичко, а дел од одделенијата да бидат преку онлјан настава.
Градоначалникот на Општина Свети Николе вели дека над 95 проценти од родителите се изјасниле за физичко присуство, а и во училиштата има просторни можности за да се реализира таков вид настава, единствено пет паралелки имаат над 20 ученици, но токму во овие паралелки неколкумина родители побарале онлајн настава.
-Станува збор за паралелки со 21, 22 ученика, оние кои побараа онлајн настава ќе биде реализирана, а ние како општина и сите основни училишта и средното училиште се подготвуваме за реализација на наставата. Барањата на училиштата се доставени до Министерството за образование, а наредниот вторник одлуките училиштата, базирани на анкетите на родителите треба да се игласаат и на седница на Советот на општината, која ќе се одржи наредната недела, вели Велковски.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека одлуката за настава за физичко присуство во училишатата во општината е потврдина и вчера на седница ан Советот, а барањата се доставени до Министерството за образоавние. Општина Пробиштип ќе има комбиниран модел на наставата, во едното основно училиште од прво до петто одделение наставата ќе биде со физичко присуство, додека во второт од прво до шестто одделени, останатите ќе бидат пред компјутерите. Во средното училиште во Пробиштип наставата ќе се одвива со физичко присуство, бидејќи има просторни можности, кои ги задоволуваат здравствените протоколи.
Ново на Сител
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
