-->
-->
Светецот кој три пати одговори моето име е Христијанин
-->
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 октомври.
Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник.
Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан. Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин. После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги растргнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да ги убијат тројцата светители. Други тројца христијани, кои присуствуваа на убиството на светите маченици, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел