Балкан
12. May 2016 - 15:18

Свекорот на убиената пејачка тврди: Марјановиќ е чесно семејството, Јелена ја уби манијак!

Владимир Марјановиќ, свекорот на убиената пејачка, за „Информер“ изјавил дека Марјановиќ е чесно семејство и никогаш никого не повредиле!
 
- Јас не знам од каде веќе луѓето имаат срце да плукаат и се сомневаат за убиството! Јелена беше најдрагата личнот во нашето семејство. Највеќе го сакав утрото кога сите ќе станеме и заедно ќе се напиеме кафе. Кажете ми вие кој мотив би го имало едно семејство да си ја убие снаата. И тоа што откриле дека Јелена била убиена со камен покажува дека убиецот е некој манијак - изјавил Марјановиќ.
 
На прашањето како е неговата внука јана, кратко објаснил...
 
- Тажна е! И недостасува мајка и, сака таа да ја бања, да ја чешла... Постојано не прашува, но ние молчиме, што да и кажеме?! Психолозите ни рекоа дека ќе биде подготвена дури на седум години да ја дознае вистината и ние ќе ги послушаме.