Сведоштво од пукањето во Кичево: Се слушнаа истрели, во тоа време и децата доаѓаат од училиште
Крвав инцидент ја потресе вчера Македонија, во 18 часот и 50 минути во престрелка во Кичево тешко беше ранет кандидатот за градоначалник Алит Абази, со уште две лица.
По инцидентот тој бил итно опериран, а засега состојбата му е стабилна.
Во Кичево денеска е мирно и граѓаните ги извршуваат секојдневните активности. Сведоците за Дојче Веле велат дека напаѓачот извадил пиштол среде улица, го вперил и почнал да пука.
- „Се слушнаа истрели, некои свикаа за помош, додека дотрчав, во такси возило внесуваа лице кое изгледаше повредено. Лоши работи. И полошо можело да биде. Наоколу минувачи, возила... Во тоа време и деца од школо се враќаат...“, вели сведок за Дојче Веле.
Според жителите, полицијата реагирала брзо, бидејќи пукањето се случило на 100 метри од полициска станица.
Засега не се познати мотивите на напаѓачот, но според првичните сознанија тие најверојатно не биле поврзани со изборната активност на носителот на независната кандидатска листа, туку со претходни нерасчистени меѓусебни недоразбирања, за кои наводно била започната и судска постапка.
Ново на Сител
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути
-
Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев