Свет
20. November 2015 - 12:56

Сведоштво од нападот во Мали - Каде и да се свртев гледав мртви тела

Смртта на три лица е официјално потврдена, а не се знае колку се повредени во хотелот во Мали каде терористите упаднаа и направија хаос. Терористите кои се тешко вооружани имаат 170 заложници во хотелот во кој има 170 гости и 33 вработени. Двајца жители на Мали и еден Французин го загубиле животот.
 
Една од заложничките која успеа да избега од хоророт вели дека насекаде имало мртви тела. - Бевме евакуирани, имавме среќа и се спасивме. Се свртев на подот и видов како лежат мртви тела. Јас се криев во мојата соба. Поминаа неколку минути и тогаш безбедносните служби и полицијата дојдоа и не спасија, вели таа.
 
Заложничката драма сеуште трае.