Сведок на „Ласкарци“: Имам негативно искуство со Дурмо турс, автобусите често се расипуваа
Повеќе од година и половина се возам со Дурмо турс и често автобусите се расипуваа, вратите не се затвораа, немаше клима и слично, изјави вториот од повредените патници, сослушан како сведок на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци.
Сведокот Бетим Амети, рече дека на критичниот ден седел на четвртиот или петтиот ред позади возачот.
– Година и пол се возам со Дурмо турс и до патарината не приметив ништо чудно во возењето. Бев буден, и зошто бев до прозорецот станав да видам што се случува, но веќе автобусот ги проби заштитните огради и излета од патот. Ми изгледаше како да сака да претекне, но нагло свртевме во лево. Често се возев со Дурмо турс и брзината вообичаено ми изгледаше дека е над дозволената, зошто често претекнувавме, но не знам точно на критичниот ден, рече сведокот.
Рече дека не приметил никакво кочење на автобусот или нешто да прави возачот за да го врати автобусот на патот.
– Осетив дека се вртиме и со главата удрив во плафон. Откако паѓа автобусот јас паѓам во неавест. Знам дека ногата ми беше заглавена од багаж и ми помогнаа другите патници да излезам, изјави сведокот.
Сведокот Амети, рече дека го видел возачот веднаш по несреќата како седи во нивата во близина, во паника и како плаче.
– Имам негативно искуство со Дурмо турс. Често автобусите се расипуваа. Вратите не се затвораа, немаше клима и слично. Сообраќајка, само еднаш кај Сити мол со истиот возач кога удри во автомобил, изјави сведокот.
Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години