Свеченост на првата механизирана пешадиска бригада на АРМ

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Ќе биде прогласена најдобра единица од составот на бригадата и доделени стимулативни мерки за постигнати резултати на припадници на 1.мпбр. Свеченоста ќе заврши со дефиле на единиците.
Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во МО на РМ Елизабета Чуповска Ристова, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, пензионирани генерали, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа ...
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови.
Ново на Сител
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
-

„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, ќе може да се подигнат до 20.000 денари
-

Пронајдена бела прашкаста материја во Чегране, двајца со БМВ се обиделе да ги прегазат полицајците
-

Лажат дека се болни за да добијат антибиотици: Речиси секој трет Американец признал дека го измамил лекарот
-

Село во Шпанија со само 40 жители понудило бесплатна куќа и сигурна работа – пристигнале 8.000 пријави, повикот е затворен
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
