-->
-->
Свечено отворен Европскиот клупски куп во шах
-->
Во хотелот Александар Палас вечерва свечено беше означен стартот на 31. Европски клубски куп во Шах еден од најсилните шаховски шампионати што некогаш се одржал во нашата држава.
Во присуство на државниот врв на чело со премиерот Никола Груевски и бројни гости од земјата и странство беше истакнато значењето на овој настан за нашата држава. Градоначалникот на општината Карпош Стевчо Јакимовски, како организатори на овој настан истакна дека Македонија е горда што ја доби организацијата на шаховскиот куп на кој учествуваат 5-мина некогашни шаховски прваци и воопшто шаховската елита од чии редови се очекува и наредниот светски првак.
Македонија на клубскиот куп ќе ја преставуваат Алкалоид и Асеко Гамбит а вкупно на првенството ќе настапат повеќе од 500 шахисти од 62 клуба од цела Европа. Мечевите ќе се играат во х.Александар Палас почнувајќи од утре недела , секој ден во 15 часот и ќе трае до 25-ти октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест