Свечена заклетва на 38 генерација војници на доброволно служење во Армијата
Во војничкиот клуб на касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва дадоа 45 војници од 38-та генерација на доброволно служење во Армијата, меѓу кои и шест девојки.
Пред нивните родители, роднини и пријатели бројни гости, претставници на ГШ на Армијата и на Министерството за одбрана се обрати, а на младите војници им ја честита свечено дадената заклетва, потполковник Мухамед Ибраими командант на ЦИО, Центарот за индивидуална обука кој е во рамки на КОД Командата за обука и доктрини со седиште во велешкиот гарнизон.
Тој потсети дека и оваа 38 генерација млади војници во наредните три месеци на доброволно служење во Армијата, од нивните искусни старешини ќе стекнат знаења и вештини од основната воена обука.
Воедно ги информира дека сите кои успешно ќе ја завршат обуката имаат убава можност понатаму да се најдат во редовна Армијата како професионални војници и понатаму да напредуваат во кариерата.
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
