Свечена програма на Општина Битола посветена на празникот на градот 4 Ноември
Општина Битола ја објави празничната програма посветена на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот која ќе се реализира од 1-ви до 4 ноември.
Свеченостите почнуваат со отворање на изложба „Книги-историја, иднина“ чиј организатор е Македонско научно друштво-Битола, а ќе продолжат со доделување на наградите на најдобрите учесници на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Првата програмска вечер ќе заврши со промоција на книгите „Попатни паралопомени“ и „Вермахтот и Егејскиот дел на Македонија 1941-1944“ чиј автор е Александар Литовски.
За време на викендот во Битола ќе се одржат традиционалните празнични манифестации, шаховски турнир за слепи лица, велосипедска трка, градско кугларско првенство и ноќна атлетска трка по Широк Сокак.
Од Општина Битола информираат дека на денот на празникот, на 4 Ноември делегации од градот ќе положат цвеќе на спомениците од народно ослободителната борба, а точно напладне градоначалничката Наташа Петровска ќе потпише повелба за збратимување со општината Конак од турскиот град Измир.
Празничната програма на Општина Битола завршува со традиционалната свечена академија на која се доделува наградата „4 Ноември“ за најуспешните битолчани.
Ново на Сител
-
СДСМ: Расте нервозата во белиот дворец откако Мицкоски повторно не успеа да го одбрани криминалот
-
Малта ќе им плаќа на странските туристи по 200 евра под услов да останат таму најмалку три дена
-
Стојаноски: Имаме 4.150 починати лица, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево
-
Панова до Филипче: Се сликате позерски на донирани вакцини бидејќи не сте способни да набавите
-
Од вторник врнежи, а од среда повторно намалување на температурата
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1000 пациенти, слободни кревети има
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 73 пациенти, а вкупно се лекуваaт 687
-
Кумановец приведен за недозволено поседување оружје