Свечен прием на штипските првачиња
Штипските основни училишта денеска свечено ги примија првачињата. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на приемот на првачиња во Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“.
-Јас верувам и убеден сум дека овие дечиња ќе произлезат многу успешни луѓе, успешни личности. Луѓе кои што ќе бидат успешни и во бизнисот, спортот и во општествениот живот, ќе имаме успешни доктори, инжињери и многу други успешни кадри, кои што ќе произлезат токму од оваа училиште и од целиот наш град, вели Бочварски.
Директорот на ООУ „Димитар Влахов“, Миле Младеновиќ вели дека денеска е еден од најубавите денови за првачињата, кои влегуваат во училишните клупи, а во оваа училиште во учебната 2018-2019 година запишани се вкупно 108 ученици во прво одделение.
-Училиштето го реновиравме, во ентериерниот дел комплетно, воведуваме кабинетска настава, сите училници се опремени и обелени. Подот е лакиран, што значи условите за работа ќе бидат на високо ниво во нашето училиште, вели Младеновиќ.
Во петте основни училиште во Штип оваа година се запишани вкупно 397 првачиња, но нивната бројка се очекува да се зголеми во септември.
Ново на Сител
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна