СУВ-возилата застапени со 51 отсто од вкупната продажба лани во Европа
Категоријата СУВ-возила (теренци) сочинува 51 отсто од вкупната продажба на автомобили во Европа минатата година. Во споредба со 2022 година, продажбата на овие возила на „Стариот Континент“ лани е зголемена за 19 отсто.
Најпопуларни автомобили меѓу Европејците биле оние мали градски автомобили („Јарис крос“, „Пума“, „Камик“ итн..) и средно големите теренци („Тусон“, „Тигуан“, „Пежо 3008“ у др.). Во поглед на вкупната бројка, уделот на возилата од овие два сегменти се 4,1 милион единици.
И продажбата на големи и премиум-теренци лани е во пораст од 31 отсто во однос на 2022 година, со продадени 843.939 примероци.
Иако 2023 година беше многу солидна за теренци, можно е овој пазар да стагнира од оваа година. Имено, Европската Унија размислува да ја ограничи големината на идните автомобили, но најавени се и други ограничувања. Во некои големи градови како Париз, на пр., од оваа година на сопствениците на овие автомобили ќе им се наплаќа трипати повеќе за јавниот паркинг отколку за обичните автомобили.
Ново на Сител
-
Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини
-
Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас
-
Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше ликвидиран од страна на израелската војска?
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО