Сув студ, Македонија на минусни температури

Минус осум степени се измерени изутрина во седум часот во Берово, а минус пет во Скопје-Петровец и во Битола, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Демир Капија, Дебар, Струмица, Маврово и во Лазарополе температурата се спушти четири степени под нулата, минус три во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Крива Паланка и Прилеп, минус два во Кавадарци, Куманово, Тополчани, Гевгелија и Претор, минус еден во Охрид, Ѓуриште, Пожар, Крушево, Виница, нула во Пожаране, два во Дојран.
Според УХМР, времето денеска ќе биде умерено облачно и посвежо со сончеви периоди, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервалот од пет до десет степени. Во Скопје слично со температура до седум степени.
Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -5 до 2, а дневните од 4 до 9 степени.
И во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.
Ново на Сител
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
