Постои мислење дека кланот (фис, братство, фамилија) има „извршен комитет“ кој се нарекува „бајрак“ и кој ги бира челниците на сите единици задолжени за конкретни работи или територии. Тој челник се вика „крје“ (глава на албански), а неговиот заменик „крјетар“ (ороводец). Тој потоа бира „пријател“ (мик) кој делува како врска меѓу него и обичните „војници“.
Албнските кланови се исклучително затворени и смета дека е најтешко да се инфилтрира во нивните редови. Членовите на кланот навистина се роднини (од потесно до пошироко семејство), а браковите играат важна улога во ширењето на клановите.
Се верува дека нарко-бизнисот во Албанија го контролираат 15 семејства. Со години се пишува дека Скадар го држи моќниот клан Шакиа, кланот Аљуши се наоѓа на подрачјето на Кучај, а на списокот на познати имиња се и семејствата Османи и Кељменци, чиј водач Насер Кељменди е осуден на 10 години затвор во Приштина во февруари 2018 година.
Во медиумите често се споменуваат и кланови со кои раководат семејствата Кула, Абази, Борици и Брокај, а за кои најчесто се тврди дека под команда држат речиси 20 косовски „фамилии“ кои заедно го контролираат, не само пазарот со наркотици, туку и шверцот со дрога, оружје, цигари, проституција, рекетирање, перење пари и уцени.
Затвореноста на клановите во Албанија, но и ширум Европа, во директна врска е со силната политичка позадини која некако успеваат да ја обезбедат каде и да „оперираат“, за што потврдуваат и извештаите од Викиликс.
Некои аналитичари дури тврдат дека самата мафија е посилна од официјална Тирана, зошто има големо бвлијание на политиката и правосудството, па дури и поседува сопствена параполиција.