-->
-->
Супермодел открива: Имам рак на дојка, но не ме сожалувајте!
-->

Супермоделот Џенис Дикинсон ги преживува најлошите денови од својот живот. Во емотивено интервју открива дека има рак на дојка.
Многу ми е тешко да го кажам ова, но дијагностициран ми е рак на дојка, - открила 61-годишната Џенис за Дејли Меил.
Во почетокот на март посетила доктор поради стомачни проблеми, а после прегледот дознала дека има тумор во големина на грашок на десната дојка.
- Докторот веднаш примети, Рече дека нешто не е во ред и дека мораме да провериме за што станува збор, - изјавила таа.

Три дена после посетата на доктор, отишла во болница на мамограф. После 24 часа дознала ужасна вест.
- Мојата 22-годишна ќерка и јас бевме на шопинг кога докторот ми е јави и ми рече дека резултатите се позитивни и дека имам рак, - открила Џенис.
Џенис во овие тешки моменти се потпира на подршката на семејството и се труди да биде позитивна. Во наредните денови ќе направи операција, а иако не знае што ќе донесе иднината, се надева дека резултатот нема да биде катастрофален.
- Не ме сожалувајте. јас сум Џенис Дикинсон и ќе бидам тука уште долго, долго време, - изјавила таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
