Свет
13. July 2018 - 14:37

Супер вулкан и се заканува на оваа европска земја: Земјотресите се се појаки и појаки, се буди ѕверот, последиците се страшни

Се позачестените земјотреси во траголникот Баварија, Саксонија и соседна Чешка, се повод геофизичарите да излезат во јавност со прашањето дали се буди вулканот под германската покраина Баварија.

Регистрираме засилена активност, потврди Торстен Дам од германскиот центар за геофизичко истражување во Потсдам, за германскиот весник Фраје Пресе.

Укажа дека земјотресите стануваат посилни и дека цикличноста се смалува.

Само во текот на пролетта регистрирани се повеќе од 1.000 потреси на тлото, при што во повеќето случаи се работи за микробранови, но една десетина можеше и да се почувствува.

-Мислиме дека набљудуваме будење на еден вулкан, вели тој и додава дека на тоа укажуваат повеќе работи меѓу кои е и фактот дека во басенот Егерер се полни резервоар со магма.

„Веќе три децении мерења во овој регион покажуваат растечки интензитет. Бидејќи се работи за бавни рпоцеси тоа е релативно кратко време“, објаснува Дам.

Неговата теза ја поткрепува со фактот дека активностите на тлото од 1997 година се повеќе се шират. Со сензори на длабочина од 400 метри Дам и неговиот меѓународен тим сака да ги истражи случувањата под тлото.

„Со тоа ќе имаме шанса да регистрираме и послаби микробранови и подобро и подлабоко да го слушаме тлото“, објасни Дам додавајќи дека се надева дека оваа година ќе започне дупчењето.