Македонија
22. October 2021 - 12:26

Супер училишта во Струмица

Преку младински размени средношколците  од регионот на западен Балкан 6 меѓу кои и ученици од македонските средни училишта  ќе ги промовираат нивните идеи кои се однесуваат на  интеркултуралноста, помирувањето во регионот и соработката. Размените се дел од прoектот Супер училишта со кој е планирано да бидат опфатени околу стотина младински размени. Целта на проектот е преку двојна размена на ученици   да обезбеди терен за создавање силни и одржливи врски помеѓу средните училишта во регионот и градење долгорочни партнерства.

Освен размената училиштата имаат можност  да добијат и техничка помош, која ќе ја одберат самите, а во рамки на проектот ќе се организира конференција и летен камп на кој младите по размената ќе можат повторно да се дружат.Со проектот е планирано да се поддржат 26 до 30 проекти во регионот, а повикот за аплицирање е отворен до крајот на октомври.