Ракомет
25. March 2016 - 16:16

Супер лига: Работнички домаќин на Вардар Јуниор

Ракометните суперлигаши вечерва ќе одиграат еден натпревар од 17.коло од Супер лигата на Македонија. Во СЦ „Форца“ Работнички е домаќин на екипата на Вардар Јуниор. Според пласманот на табелата Работнички, кој се наоѓа на третото место ја има улогата фаворит на овој дуел.
 
Три натпревари од ова коло се играат утре: Металург – Прилеп, Радовиш – Борец и Охрид – Пролет.
Во првиот натпревар од ова коло Пелистер го победи Металург 2 со 40:31.
 
Табела: Металург 48 бодови, Охрид 36, Работнички 33, Прилеп 30, Пелистер 21, Вардар Јуниор 21, Пролет 18, Радовиш 18, Борец 16, Металург 2 1 бод.