Супер купот на Македонија, Вардар - Работнички на 23 септември
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар против бранителот на Куп насловот, Работнички на 23. септември на Националната арена „Филип Втори“ ќе се соочат во натпревар за Суперкуп трофејот на Македонија.
Голманот на Вардар, репрезентативниот капитен Томе Пачовски вели дека Работнички е вистински предизвик за неговиот тим, посебно сезонава кога екипата од Дебар Маало одигра неколку одлични натпревари во Лигата на Европа на Уефа. Пачовски ги повикува сите љубители на фудбалот да дојдат на „Филип Втори“ и да го бодрат својот тим.
„Ќе биде многу тежок и неизвесен натпревар, како и сите дуели со Работнички. Нашиот противник има многу добри играчи кои што се покажаа во Европа, и добија повик во репрезентацијата. Очекувам добар меч и ги повикувам сите љубители на фудбалот да дојдат на стадионот и да не бодрат. Секоја чест за Работнички и за успесите во Европа каде што стигнаа до четвртото коло, што не е мала работа за еден македонски тим. Меѓутоа ние се подготвуваме за овој предизвик, и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот“.
„Желбата е присутна и кај двата тима. И играчите на Работнички го сакаат пехарот, и играчите на Вардар. Ќе биде интересен и натпревар, и ништо нема да се знае до самиот крај. Зошто Вардар да го освои пехарот? Затоа што мислам дека имаме многу добри и искусни играчи кои имаат многу натпревари и во странство и во домашното првенство. Имаат одиграно потешки натпревари. Исто така по превземањето на клупата од Гоце Седлоски сме целосно нова екипа. Имам големи пофалби за новиот тренер, кој што ни наметна победнички менталитет. Без разлика на сето тоа, ќе победи оној што има повеќе желба да дојде до пехарот. Нема да се знае ништо до крај. Се игра еден натпревар на кој се е можно“.
Билетите за натпреварот Работнички – Вардар од утре ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на MK tickets. Цената на влезница е 100 денари.
Ново на Сител
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ