-->
-->
Супер Глоуб: Вардар во полуфиналето против Барселона
-->

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар успеа да се пласира во полуфиналето на Супер Глоуб што се игра во Доха, Катар. Ова се смета како неофицијално клупско светско првенство.
Во денешниот натпревар од четвртфиналето Вардар го победи иранскиот тим Гашаран со 30:22 (15:10). Најефикасни во редовите на Вардар беа Лука Циндриќ и Вуко Борозан со по 5 голови, а голманот Страхиња Милиќ имаше 15 одбрани.
Вардар утре во полуфиналето ќе игра против Барселона, која во првото четвртфинале го победи првакот на Тунис, Еспереанс со 42:24. Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски имаше 9 одбрани.
Во другите два четвртфинални дуела играат: Берлин - Пинеирос и Ал Сад – Сиднеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
