Суниог: Последиците од терористичкиот напад во северно Косово се чувствуваат во целиот регион
Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Томаш Суниог, смета дека она што се случи на 24 септември во Бањска во северно Косово е „силен аларм за узбуна“ и порачува дека треба да се избегнат сите дејствија кои можат дополнително да ја ескалираат ситуацијата на терен, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во интервју за косовскиот медиум на српски јазик „Косово-онлајн“ (kosovo-online.com), Суниог напоменува дека косовската полиција беше нападната од тешко вооружени лица и „обемот на операцијата беше без преседан и претставува голема ескалација, што е во спротивност со постојаните повици на Европската унија за деескалација во северно Косово“.
– Последиците од овој терористички напад се чувствуваат не само на северот на Косово, туку и во цело Косово и во целиот регион. Гледаме и дека нападот секако ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница за ситуацијата на северот на Косово. Деескалацијата и брзото стабилизирање на безбедносната ситуација сега се поитни од кога било. Во пошироката слика, патот напред не е променет, всушност стана понеопходен, изјави Суниог.
Тој порача дека од Приштина и Белград се очекува да работат на нормализирање на односите преку дијалогот што го посредува ЕУ.
– Ова е платформа каде што можат да се осврнат на различни прашања кои ги оптоваруваат меѓ-узаедничките односи во Косово. Мора да се избегнат сите дејствија кои би можеле дополнително да ја ескалираат ситуацијата на терен. Во време кога на Европа и се заканува руска војна против Украина, не смееме да дозволиме насилство и нестабилност на Косово. Тоа едноставно не можеме да си го дозволиме, изјави Суниог.
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?