Сулејман Реџепи: Исламската верска заедница против насилството и радикализмот
Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи смета дека исламски радикализам не постои, бидејќи, како што вели, исламот не прифаќа радикално однесување и екстремизам.
- Припадниците на исламот не се имуни на такво однесување, како што не се имуни и припадниците на другите верски заедници. Така што, секогаш треба да имаме предвид што значи исламот, што проповеда исламот, што интерпретира и какви ставови има, а како се однесуваат муслиманите, дали се однесуваат во рамките на тие исламски начела или надвор од тоа. Секогаш кога однесувањето е надвор од исламот, веројатно не се имуни да се појават и такви односи и такво однесување што навистина води кон радикализмот, кон екстремизмот и нетрпеливоста, изјави Реџепи за Радио Слободна Европа.
Тој додава дека Исламската верска заедница е категорично против насилството и радикализмот, како и против секое движење кое не се согласува со нормите на исламот.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор