Сугаревски: Меморандумот со Бугарија овозможува развој на железничкиот сообраќај
Со Меморандумот за развој на железницата Македонија и Бугарија се обврзаа да ја доизградат пругата што треба да ги поврзе двете земји, информираше министерот за транспорт Горан Сугарески. Тој процени дека проектот за изградбата на новите и модерницацијата на постоечките делници комплетно би бил готов од двете страни до 2027-та.
- Со Меморандумот се обврзуваме да ја доизградиме и модернизираме пругата до границата со Бугарија, а Владата на Бугарија се обврза да ја доизгради пругата до нашата граница, со што целосно ќе го заокружиме железничкото поврзување. Вкупната должина што треба да се доизгради до границата со Бугарија е околу 89 километри. Изградбата претходно е поделена на три делници, а постапките за сите три делници веќе се почнати, нагласи Сугрески.
Во Македонија потребно е да се изгради 89 километри пруга во три делници. Куманово – Бељаковце е во фаза на реализација за што се обезбедени 46 милиони евра од ЕБОР. Треба да биде готовоа во 2018. За делот до Крива Паланка во должина од 34 километри почната е постапката за избор на изведувач и треба да се изгради до 2021. За неа Македонија доби грант од 70 милиони евра од ЕУ што е 46 отсто од вредноста на проектот. Остатокот ќе се финансира со кредит од ЕБОР.
Третата делница, 24 километри од Крива Паланка до Бугарија, во завршна фаза е изработката на проектна документација. Изградбата би чинела меѓу 350 и 400 милиони евра.
Сугарески рече дека се прават основните проекти за пруга и до Албанија со што би се заокружило железничкото поврзување долж Коридорот 8.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар