Сугарески во посета на Штип

Околу 200.000 дивоградби во земјава се легализирани, објави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на општина Штип. Сугарески и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска на 15 граѓани им ги врачија решенијата за легализација на станбени и деловни објекти.
- Оваа прилика сакам да ја искористам и да апелирам до сите граѓани, бидејќи рокот, кој што беше продолжен лансаката година истекува годинава. Едниот рок за поднесување на барања истекува на 30.06 оваа година, а за оние кои никогаш немаат поднесено барање за легализација на одредени објекти истекува на 31.12. оваа година. Затоа ги повикувам сите граѓани максимално ги искористат овие последни денови и го искористат тоа нивно право, изјави Сугарески.
Тој нагласи дека претпоставува оти ова ќе биде последно продолжување на рокот.
- Не смееме да влеземе во ситуација од излегување во пресрет на граѓаните на крајот да се доведе Законот да биде злоупотребен и да се прават манипулации. Се разбира Министерството, инспекторатот и Владата нема тоа да го дозволат, посочи Сугарески.
На средбата со градоначалникот Бочварски, додаде, се информирал и за проектите кои се реализираат во општината, а нагласи дека околу Штип, кој е главна крстосница за источна и југоисточна Македонија се вложуваат големи средства во патната инфраструктура.
- Работиме на патна инфраструктура и во наредниот период во овој регион предвидено е да бидат вложени 320 милиони евра за подобрување на инфраструктурата. Интензивно се работи на автопатот Миладиновци-Штип, како и на експресните магистрални патишта Штип-Радовиш и Штип-Кочани. Со изградбата на овие патишта и автопатот, ќе се направи сериозно подобрување на патната инфраструктура во овој регион, потенцира Сугарески.
Градоначалникот Бочварски по средбата истакна дека е информиран за текот на изградбата на автопатот Штип-Миладонвци, како и за експресните патишта.
-Зборувавме за разработка на неколку детални урбанистички планови кои општина Штип веќе ги има доставено во Министерство за транспорт и врски и особено ми е драго што наидуваме на одличен прием и веќе се при крај со нивна реализација.Ќе можеме наскоро да ги имаме спремни за да влеземе во реализација на тие ДУП-ови. Исто така, ја искористивме можноста за на петнаесетина наши сограѓани им доделиме решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, изјави Бочварски.
Вкупниот број на иницирани постапки за утврдување правен статус на бесправен објект во Штип од 3 март 2011 година до 19 јуни 2018 година е 12.250, а досега се решени 6.158 објекти.
Ново на Сител
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
