Сугарески: Укинувањето на железничка линија Белград – Солун е поради економска неисплатливост
Укинувањето на меѓународната железничка линија Белград – Солун е направено поради економска неисплатливост за нејзино одржување, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој посочи дека Македонија е само транзитна земја, а за укинувањето на линијата одлучиле Србија и Грција.
- Во изминатите неколку месеци имавме средби со претставници на српската Влада и уште во април ни беше посочено дека најверојатно линијата ќе биде прекината од 1 октомври, бидејќи станува збор за економска неисплатливост на Србија. Македонија е транзитна држава и станува збор за исклучиво деловна политика на српските и грчките железнички власти. Сепак, во наредниот период ќе направиме се што можеме да најдеме алтернативни начини како линијата да се продолжи, рече Сугарески одговарајќи на прашање пред почетокот на презентацијата на Проектот за заеднички граничен железнички премин со Србија.
Прашан за железничкиот мост кај Стоби кој пред неколку дена попушти и дали се направени пресметки колку ќе чини неговото санирање и колку штета ќе трпат компаниите од неодвивањето на железничкиот сообраќај, особено на транспортниот железнички сообраќај до Грција, министерот Сугарески рече дека во моментов не се направени пресметки и додаде дека според неговите информации во наредните 15 до 20 дена ќе биде саниран мостот.
Директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели посочи дека само неговата компанија на дневна основа губи од 20 до 28 илјади евра заради неодвивањето на сообраќајот кон Гевгелија и Грција поради оштетувањето на мостот на потегот меѓу Градско и крстосницата кај Кукуричани.
- Нормално дека е прекинат и патничкиот и транспортниот железнички сообраќај кон Гевгелија и од тоа штети трпат МЖ Транспорт и Инфраструктура заради намалувањето на приходите поради недвижење на возовите, но штета трпат и стопанствениците, бидејќи ќе треба да се најдат алтернативни можности за превоз на стока, рече Зендели
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
