Сугарески очекува патот Ранковце-Крива Паланка да биде завршен согласно договорот
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка да заврши во предвидениот рок согласно договорот.
Патот почна да се гради во јуни годинава и согласно договорот треба да заврши во рок од три години.
- Градежните работи се во тек. Очекувам во наредниот период да се зголеми динамиката на работа и овој експресен пат да биде завршен во рамките на договорот, изјави Сугарески, кој денеска заедно со градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски извршија увид во градежните активности.
Според Сугарески, со овој експресен пат ќе се овозможи брза врска на Пан-европскиот коридор 8, а со тоа ќе се отворат и можности за подобрување на економските врски со Европската унија.
- Покрај регионално поврзување, со комплетирање на Коридор 8 и создавање на модерна патна мрежа ќе придонесеме за брз и безбеден транспорт на стоки и услуги и ќе им овозможиме на домашните компании полесно да се пробијат на нови пазари. Во таа насока го потпишавме и договорот со ЕБОР за реконструкција и проширување на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, со што создаваме комплетно нова патна делница на овој Коридор од значење не само за нашата земја, туку и за целиот регион, рече Сугарески.
Експресниот пат Ранковце–Крива Паланка е со вкупна должина од 25 километри, а инвестицијата чини 58,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата