Македонија
17. November 2023 - 19:48

Судството да работи за да не се шири црната листа на САД

Министерот за внатрешни работи нема информации како името на екс премиерот Заев САД го поврза со контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака. Откако САД објави дека Дака навоно го потплатил Рашковски за да му договори среда со Заев, Спасовски вели, на црната листа на САД не се оди за договарање средби.

САД вчера објави дека ја проширува црната листа со имињата на брачниот пар Самсоненко и мајката на бизнисменот Орце Камчев. Заменик министерката за правда го повика правосудниот систем да се ангажира за да не мора САД да ја полни оваа листа.

Минатата година САД на црната листа ги стави Груевски и Мијалков но во земјава, наместо санкции тие добија нов кривичен закон со кој им застареа поголемиот дел од кривичните дела кои им беа на товар. На црната листа се најде и струшкиот градоначалник Мерко. Тогаш правосудните органи се растрчаа да проверат како може политичар со повеќе од 20 кривични пријави никогаш да не се соочи со законот. Проверија, но досега не најдоа одговор.