Судско рочиште за тужбата на Камчев против Катица Јанева и Бојан Јовановски
Ниту Катица Јанева, ниту Бојан Јовановски не дојдоа на судењето на кое бизнисменот Камчев од нив и државата бара да му надоместат 1,5 милиони евра, пари кои наводно им ги дал на осудените за „Рекет“. Инсистирањето на тужената да ги следи рочиштата но и да ги покрие трошоците за спроводот од затвор, не беа доволни за судијата да го прифати нејзиното барање.
Одбраната тврди и дека тужбата на Камчев во случајов е неоснована, затоа што во судскиот процес „Рекет“, според кој Јанева доби 7, а Боки 13 девет години затвор, тој немал улога на оштетен, туку бил сведок.
Одбраната на Камчев пак не сакаше да го коментира денешното рочиште. Следното е закажано за 11ти следниот месец, а судот треба да одлучува за доказите кои ги доставија двете страни.
Камчев уште пред 3 години кога сведочеше во „Рекет“, најави дека ќе поднесе тужба, за да си ги добие назад 1,5 милиони евра што им ги дал на Јанева и Јовановски, пари кои дел од нив ги спакувал во Луј Витон чантата, а кои требале да му овозможат поповолен третман во истрагата „Империја“. Откако ги испорачал парите мерката притвор му била заменета со мерка куќен притвор.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар