Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии
Еден претседател на Основен суд и еден судија во Основен суд се парично казнети поради нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција, информираат од Судскиот совет.
Оттаму велат дека претседателот на Судот кој бил парично казнет не презел обврски предвидени со Законот за управување со движење на предметите во судовите и Судскиот деловник.
– Судскиот совет оцени дека претседателот на Судот сторил повреда со нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција според Законот за судови и одлучи да биде казнет со 30 отсто од платата во траење од шест месеци, се наведува во сопштението од Судскиот совет.
Во врска со судијата од Основен суд се утврдило дека не постапувал по предмети во одделот за извршување санкции, а со тоа постапил спротивно на законските одредби, односно нестручно и несовесно ја извршувал судиската функција според Законот за судовите и е парично казнет со 15 отсто од платата во траење од шест месеци.
На денешната седница Судскиот совет одлучил и да запрат две постапки за утврдување одговорност кај два совета на Врховниот суд составени од по петмина судии.
– Советот одлучи дека не постои нестручно и несовесно постапување од страна на врховните судии. Исто така, постапката беше запрена и за еден судија од Основен суд, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница