Македонија
23. November 2017 - 17:13

Судскиот совет на седница назначи и разрешува судии

Судијата од Апелацискиот суд во Скопје Африм Фидани од Гостивар е нов врховен судија кој ќе работи на предемети од кривичната област. Судскиот совет го избра како дел од квотатата на судии припадници на немнозинските етнички заедници од листа на четворица кандидати. Не беше избран судија во Врховниот суд од редот на тројцата кандидати – Македонци.

Судскиот совет денеска одлучуваше за избор на седум судии, но потребното мнозинство го добија само пеетмина. Изборот често се правеше од кандидати кои не беа прворангирани на листите на кандидати. Па дури беа и меѓу последните на листата.

Најголем интерес за четири места имаше за скопскиот апелациски суд каде на на огласот се пријавиле дури 73 кандидати. Второстепениот скопски суд доби тројца судии и тоа  еден судија Македонец кој ќе работи во кривичнит оддел, и двајца судии кои ќе работат во граѓанскиот оддел од редот на македонците и од редот на заедниците.  Не беше избран судија кривичар од редот на кандидатите на немнозинските заедници.

Еден нов судија доби Апелацискиот суд во Битола.

Претседатели пак, добија Апелацискиот суд во Штип – Наќе Ѓоргиев, потоа Основниот суд во Куманово – Снежана Манева, Основниот суд во Тетово – Хасан Асани и Основниот суд во Ресен – Емел Каранли Али. Судскиот совет не изгласа претседател на Основниот суд во Дебар иако имаше пријавено тројца кандидати кои ги исполниле законските услови.

Судскиот совет, доколку тоа од него се побара, ќе го разгледува извештајот на минситерството за правда од контролата  за местење на предмети кај одредени судии односно злоупотреба на АКМИС системот, потврди денеска претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски.

Тој не сакаше да презицизира дали утврдената злупотреба од страна на некој судија би значело и директно отворање на постапка за негово разрешување.

Зад затворени врати членовите на независнотот судско тело одлучуваше и за разрешување на судии.