Балкан
18. September 2015 - 20:06

Судскиот процес против Понта почнува в понеделник

Судскиот процес против романскиот премиер Виктор Понта, кој е обвинет за корупција, ќе почне в понеделник на 21 септември, во Врховниот касационен суд.

Обвинителите од Националната дирекција за борба против корупцијата вчера покренаа обвинение против Понта за случајот „Турчени-Ровинари“, во кој тој е обвинет за фалсификување на документи, соучество во даночни измами и перење пари. 

Според обвинителите, кривичните дела биле извршени во периодот меѓу 2007 и 2008 година, додека Понта работел како адвокат.