Судски совет не избра претседател на Управен суд
Судскиот совет на денешната седница не расправаше за избор на претседател на Управниот суд. При констатирање на дневниот ред за седницата на која беше точката за избор, дел од членовите на советот побараа да не расправа за точката, бидејќи судот во својот извештај за работата имал застарени предмети и предмети за кои е нарушено правото за судење во разумен рок.
На денешната седница, Судски совет избра претседатели на судови во неколку градови:
Гевгелија - Марица Аврамчева Зафирова
Св. Николе - Лилјана Додевска
Гостивар - Елесја Алији
Дебар - Мерсим Марку
Виница, Спиро Борисов беше единствен кандидат ама не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет. Ова е трет неуспешен обид за избор на претседател на судот во Виница.
Сите избрани кандидати имаат над 15 годишно работно искуство како судии.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
