Судски совет: Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет
Во врска со изнесениот јавен став на министерот за правда, Кренар Лога кој побара од Судскиот совет, поради конфликт на интереси да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност за судија, Судскиот совет на Република Северна Македонија објави соопштение, во кое изразува искрено верување дека „на министерот му се добро познати одредбите од Законот за Судски совет, особено членовите 33 и 61“
- Во членот 33 е јасно пропишана постапката во кои случаи е предвидено изземање на член на Судскиот совет, додека во членот 61, како и во неколку други последователни членови е разработената постапката за утврдување на одговорност на судија или претседател на Суд. Министерот, како и јавноста, би требало да знаат дека постапката за утврдување на одговорност е итна, од доверлив карактер, тајна и без присуство на јавноста, со цел да се заштити угледот и достоинството на судијата или претседателот на судот, се наведува во појаснувањето до Судскиот совет.
Од Судскиот совет велат дека изненадува како е можно министерот јавно да изнесува информации за тоа против кого е поднесено барање, а уште помалку кој членува во Комисијата на известители, па дури и да бара изземање, кога заради тајноста на постапката, не му се доставуваат материјали на министерот, поради законската неможност истиот да учествува во постапувањето.
- Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет, да се однесува професионално и како што му доликува на функцијата, а во согласност со одредбите од Кодексот за етичко однесување за членовите на Влада и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, реагираат од Судскиот совет.
Сакаме, посочуваат од Судскиот совет, да обрнеме внимание дека не е прв пат, министерот јавно да изнесува податоци, но и да објавува неправосилни судски одлуки. Судовите имаат обврска да ги објавуваат своите одлуки, но анимизирано и со согласност со одредбите од Законот за движење на предметите во судовите.
- И покрај неколкуте пречекорувања на надлежностите на министерот и неговите тврдења дека е во „отворена војна со Судскиот совет“, членовите цело ова време покажуваат добра волја за соработка и редовно го покануваат и повикуваат да присуствува на седници, за да може отворено да се разговара за сите прашања и проблеми поврзани со функционирањето на судството. Министерот Лога досега свесно ги игнорираше ваквите барања, а со последното барање, изнесе многу невистини, но и свесно ја нарушува работата на Советот, се вели во соопштението од Судски совет.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица