Македонија
27. September 2023 - 16:39

Судската администрација утре ќе го блокира главниот град, штрајкуваат и вработените во обвинителствата

И вработените во обвинителствата од денеска на штрајк- бараат зголемување на платите како функционерите, односно 78% и зголемување на додаток на плата за 35%. Во сите 28 обвинителства низ земјава вработените нема да си ги извршуваат работните задачи, а исклучок ќе има само за итни работи, предмети за притвор, претрес и неодложливи жалби. Велат нивните барања се праведни и правични.

Просечната плата на вработените во обвинителствата е околу 22 илјади денари. 10% покачување со општиот колективен договор велат не е доволно, а дополнително им се укинати и додадоците. Со овие плати не можеме да преживееме, а не па да живееме, вели претседателката на синдикалната организација на јавните обвинителства.

Ќе се жалат и до амбасадорите во ЕУ и САД.

Премиерот Ковачевски вели правосудната власт треба да донесе одлука како да го распредели буџетот меѓу вработените. Согласно општиот колективен договор ќе добијат 10% зголемување на платите, но ќе се разговара за дали може да им се излезе во пресрет.

Утре пак судската администрација излегува на протести. Еден протест организиран од независен синдикат на судска администрација, а другиот од УПОЗ, каде е најавено дека ќе доаѓаат вработени во судовите од целата земја. Барањата им остануваат исти- 78% зголемување на минималната плата и 35% за додатоци. Двете рути на протестите ќе бидат пред различни локации, односно Кривичен суд, министерство за финансии, правда, Собрание, Влада.. Од МВР најавија за утре посебен сообраќаен режим.