Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори
Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите рече дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен.
- Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ, рече Дејаноски.
Она што е спорно за Синдикатот на УПОЗ е и тоа што Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нивните плати.
- Тоа значи само едно. Кога во март идната година ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата. Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3.000 до 4.000 денари, што ќе направи уште еден хаос во управата, во обвинителствата и во судовите, рече Дејаноски.
За решавање на барањата на судската администрација, Владата пред околу еден месец формираше работна група.
Ново на Сител
-
До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи
-
ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен
-
Приведени возачи во Гостивар, Штип и Ресен, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволеното
-
Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите
-
На ГП „Табановце“ приведен 36-годишник од Романија, пронајдена е дрога
-
Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство
-
Приведен 39 годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога, оружје и рачна бомба | ФОТО
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен