Судската администрација на протест против одлуките на Судскиот буџетски совет

Судската администрација во сите судови низ државата денеска од 9:30 до 11 часот ќе протестира изразувајќи незадоволство од состојбите во судството. Вработените ќе протестираат против одлуките на Судскиот буџетски совет за нерамномерно зголемување на додатоците на плата за судиите и судските службеници и за недонесувањето конечна одлука за исплата на платите за дел од вработените што учествуваа во штрајкот во 2016 година.
Имено, со одлука на Судскиот буџетски совет додатоците на плата за судиите се зголемени за 10 проценти, а за судската администрација и помошно-техничкиот персонал за пет проценти.
– Како прво предупредување одиме со протест, но доколку не наидеме на разбирање, не можам да кажам што ќе одлучат нашите членови. Јас сум должен како претседател да го слушам нивното мислење. Ако сметаат дека не се задоволни од она што ќе го добиеме како одговор и предлагаат штрајк, јас сум должен тоа да го реализирам, изјави вчера претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски.
Од УПОЗ бараат да имаат и свој претставник во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба, како и поинаква дефиниција на позицијата на судската служба.
Ново на Сител
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
