Балкан
18. October 2017 - 22:43

Судот во Загреб му изрече притвор на Ивица Тодориќ

Судот во Загреб денеска во отсуство му изрече мерка притвор на Ивица Тодориќ, првиот човек на „Агрокор“, додека другите 12 лица кои се осомничени покрај него беа пуштени да се бранат од слобода.

Тодориќ не се појави денеска во судот, но преку негови претставници најави дека во текот на неделава ќе дојде во Хрватска од странство. И неговите синови, Иван и Анте, кои по исто така трага истражниот суд, не се појавија на рочиштето. Се претпоставува дека целото семејство Тодориќ се наоѓа во Велика Британија.

Судот заклучи дека Тодориќ треба да биде притворен поради опасноста да го попречи судскиот процес и да влијае на сведоците, и дека поради тоа треба да му се изрече притвор.

Дванаесетте менаџери и службеници на компанијата, кои изминативе денови беа притворени, би требало вечерва да бидат пуштени на слобода.

- Многу ни е драго што сите излегуваат на слобода. Ние одиме понатаму, изјави Јадранка Слоковиќ, застапник на одбраната, по одлуката на судот.