Судот во Велес го усвои предлогот за стечајна постапка во „Фени“
Основниот суд во Велес денеска го усвои предлогот за отворање стечајна постапка во „Фени инудустри“ Кавадарци. За стечаен управник е именуван Мирослав Анастасиевски од Гостивар.
Воедно судот ги повика банките доверители во рок од 15 дена да ги достават побарувањата.
Судот донесе и одлука и закажа испитно рочиште во Велешкиот суд на 11 јануари 2018 година.
Претходно банките доверители во „Фени индустри“ преку соопштение информираа дека добиле мејл од „Енекод“ во кој известуваат дека нема да бидат во можност да ги исплаќаат платите на вработените.
Банките доверители претходно соопштија дека нивни релевантен соговорник може да биде само онаа компанија која ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките.
Непосредно после тоа следуваше соопштение на банките доверители, во врска со неофицијалните информации пласирани во повеќе медиуми дека „Енекод“ понудил 35 милиони евра за спас на „Фени“, во кое укажаа дека во јавност нема да ги коментираат елементите од понудата.
- Укажуваме дека хартијата трпи се, а сериозна понуда треба да биде поткрепена или со банкарска гаранција или со депонирани средства. Повторно нагласуваме, дека банките доверители имаа еден единствен предуслов за да ја анализараат сериозноста, издржаноста и прифатливоста на понудата од понудувачите, а тоа е претходно да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства, стои во соопштението од банките доверители.
Веднаш по донесување на одлуката на велешкиот Основен суд за отворање на стечајна постапка во Фени, претставникот на ССМ од гранковиот синдикат СИЕР генералниот секретар Марија Анчева, рече дека ќе ги држи за збор сите оние кои оптимистички најавувале дека стечајната постапка ќе трае кратко и дека платите на работниците ќе им се исплататат според нивните барања до петок.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство