Судот во Солун ја одобри екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Поранешниот началник на петтата управа на УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во Македонија. Апелацискиот суд во Солун ваква пресуда донел на 22 декември, кога се одвивало последното рочиште, а беше соопштена денеска поради неможност да се обезбеди преведувач на македонски јазик.
Двајцата обвинети веднаш поднеле жалба против ваквата одлука, до грчкиот Врховен суд во Атина.
Нивниот адвокат од Грција смета дека е неизводливо, Советот на судии во толку кратко време да ги види сите аргументи.
Адвокатот Петар Василев очекува од повисоките судски инстанци во Грција да донесат правична одлука за неговите клиенти.
Покрај екстрадицијата, против Гујевски и Бошковски ќе се водат и процеси за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на грчкиот аеродром и за барањето за азил поднесено на 29 ноември.
Двајцата поранешни високи функционери во УБК, на 18 октомви минатата година беа уапсени на аеродромот во Солун, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат за Будимпешта.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
