Судот во Мјанмар одби да ги ослободи двајцата новинари на Ројтерс
Судот на Мјанмар одби да ги ослободи со кауција двајца новинари на британската новинска агенција Ројтерс, обвинети за кршење на Законот за државни тајни. Всушност, новинарите ја истражувале кризата со муслиманското малцинство во Мјанмар, Рохинџите.
- Обединети нации, САД и Европска унија се многу загрижени поради ограничување на слободата на медиумите и покрај тоа што на власт е добитничката на Нобелова награда за мир, Аунг Сан Су Чи, и побараа ослободување на новинарите со кауција, истакна судијата.
Новинарите на Ројтерс, Ва Лон (31) и Кјав Со О (27) уапсени се на 12 декември откако полицијата ги обвини дека дошле до „важни тајни документи“ од двајца полицајци со што го прекршиле Законот, што потекнува од колонијална ера.
Мјанмар во 2012 година ја укина цензурата во медиумите, но новинарите наведуваат дека и понатаму е присутна автоцензурата, пред со кога станува збор за армијата или религијата. Од 180 држави Мјанмар е на 131 место на листата за слобода на медиумите на меѓународната организација Репортери без граници.
Повеќе од 690.000 Рохинџи побегнаа во соседен Бангладеш од август 2017 година поради етничко чистење.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?