Судот во Франција прогласи за виновен 12-годишник, споделувал снимки од масакри
Дванаесетгодишно момче е прогласено за виновно затоа што на интернет застанал во одбрана на тероризам, објави Пол-Едуар Лалуис, државниот обвинител од градот Монбелијар на истокот на Франција.
Активностите на интернет на тоа момче, кое објавувало и споделувало повеќе од 1,700 пропагандни видеа или сцени на масакри, го привлекле вниманието на француските власти, пренесува парискиот весник Фигаро.
Од декември 2023 година, момчето објавило повеќе од 1,700 пропагандни видеа или сцени на масакри извршени од џихадисти на интернет и ги споделил преку неколку шифрирани апликации за комуникација, рече обвинителот на прес-конференција.
За време на речиси четиричасовното затворено рочиште пред судијата за малолетници, момчето признало дека се заинтересирало за исламот и потоа пристапило до порталите за отворени дискусии Discord и Telegram.
„Бил во можност да учествува во дискусии за радикалниот исламизам и неколку пати ни објасни дека е регрутиран“, прецизираше обвинителот.
Со оглед на неговата возраст, момчето, кое живее во францускиот град Сошо, не може да биде ставено под судски надзор, но му се изречени привремени законски мерки пред изрекување кривичната санкција, што ќе биде изречена за седум месеци.
Ново на Сител
-
Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување
-
Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради
-
Отворање на канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство
-
Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка
-
Променливо облачно, до 21 степен
-
Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово
-
Именуван e нов директор на АНБ
-
Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти