Судот не го прифати барањето на Боки 13 за укинување на притворот

Судијката Васка Николовска Масевска на почетокот на денешното судење информираше дека судечкиот совет како неоснован го отфрли предлогот на Бојан Јовановски да му се укине притворот. Појасни дека се уште постојат околностите за негово бегство, а тоа го потврдил и Апелациониот суд кој неодамна одлучуваше по жалба на Јовановски.
Судењето за Рекет денеска се одложи оти не беа присутни сведоците понудени од Јовановски. Не се појавиа ниту бизнисменот Владимир Тодоровиќ ниту сведокот Лидија Јаневски.
Тодоровски информирал дека е на службен пат надвор од државата а поканата за Јаневска не пристигнала на нејзината адреса.
Инаку како сведок во овој предмет е повикан и сопругот на Фросина Ременски кој ќе сведочи на едно од следните рочишта.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
