-->
-->
Судот не дозволи Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собрание
-->

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, останува во куќен притвор од каде ќе го следи обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јохан Столтенберг. Судијата на претходна постапка Ненад Савевски од Основниот суд Скопје 1 не ја прифати молбата на Тарчуловски и одлучи да не го пушти да излезе од куќен притвор.
Во одлуката на судијата се цитира законска одредба според која лице со мерка притвор може да биде пуштено во случајов од дома само поради болест или поради немили настани во семејството.
Столтенберг утре ќе им се обрати на пратениците, а од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ќе го прекинат бојкотот на Собранието за да го следат неговото обраќање од собраниските клупи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
