Судот на правдата на ЕУ ја отфрли жалбата на „Гугл“ на казната од 2,4 милијарди евра
Технолошкиот гигант „Гугл“ денеска го загуби случајот што го покрена против казната од Европската унија изречена поради начинот на кој компанијата прави дигитално рекламирање.
Судот на правдата на ЕУ денеска ја потврди одлуката на понискиот суд, отфрлајќи ја жалбата на „Гугл“ на казната од 2,4 милијарди евра изречена од Европската комисија поради тоа што компанијата дава незаконска предност на своите препораки за купување во однос на ривалите – во резултатите од пребарувањето.
„Со денешната пресуда Судот на правдата ја отфрла жалбата и со тоа ја потврдува пресудата на Општиот суд“, се вели во соопштението на Судот на правдата во кое се сумира одлуката.
ЕК го обвини „Гугл“ дека ги насочува корисниците кон својот „Гугл Шопинг“ без право на пребарување, предизвикувајќи штета на конкурентните даватели на истите услуги.
Тоа е една од трите казни од повеќе милијарди евра што ЕК и ги изрече на компанијата во последните десет години.
Ново на Сител
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД