Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
Судот на Босна и Херцеговина одреди притвор само за тројца од 23-те лица кои беа уапсени во таа земја на почетокот на неделата под сомнение дека се соработници на еден од најголемите картели кои шверцувале дрога од Латинска Америка во Европа. На слобода се пуштени полицајци и полициски службеници кои исто така беа приведени.
Судот на Босна и Херцеговина заклучи дека нема основано сомневање дека директорот на полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Вахидин Муњиќ и командирот на специјалната единица на ентитетот МВР, Мустафа Селмановиќ, како и тројца полицајци, извршиле кривични дела, па ги одби барањата да им се одреди притвор.
Оваа мерка е изречена само на три лица, меѓу кои и Аднан Смајловиќ, за кого Обвинителството на БиХ смета дека е водач на групата која е за нарко картелот, со седиште во Дубаи, на чело со Един Гачанин, кој „перел“ пари на територијата на БиХ инвестирајќи ја во недвижен имот, автомобили и вредни предмети.
За уште пет лица кои се под истрага, Судот на Босна и Херцеговина воведе рестриктивни мерки, како забрана за патување надвор од земјата и средба со други осомничени и потенцијални сведоци.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра