-->
-->
Судот му го продолжи притворот на Владимир Атанасовски
-->
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор. Кривичниот суд му го продолжи притворот на Атанасовски кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.
Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.
Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина Сашо Мијалков. Тој во моментот е советник за безбедност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?