Македонија
19. November 2019 - 11:14

Судот го одолговлекува ТНТ, обвини адвокатот Даути

Бранителот на обвинетата Елисавета Најдовска, Мерџан Даути, по денешното судење за предметот ТНТ, изјави дека судот го одолговлекува судењето со одбивањето да му се преведат списите во предметот на албански јазик.
 
Мурџан како адвокат доаѓа на местото на Димитар Дангов кој откажал во иднина да ја застапува Најдовска.
 
На денешното судење, судијата Огнен Ставрев рече дека за барањето на Адвокатот Даути, за превод на албански ја известил адвокатската комора од каде добил известување дека за тоа ќе се поведе дисциплинска мерка против двајцата адвокати, едниот кој го откажал полномошното и другиот кој бара превод на документите. 
 
Адвокатот Даути пак вели дека со ова му се скратени правата кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.
 
Зоран Јаневски